Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку од фудбалски веселили, но од нас се – светлосни години напред. Дојдоа, се прошетаа, се порадуваа дека играле, што е за право – ќе лапнат и некое париче колку да живуркаат во оваа нова сезона – и толку.
Македонскиот клупски фудбал веќе толку многу е очајно паднат на дното, што не знам дали може да се каже и дека доживеавме нов срам. Не е срам, реалност е! За жал…
Шампионот Струга Трим Лум демек за засили и со екс-репрезентативци, во домашни рамки се создаде слика дека има одличен тим, но излезе на проверка во Европа и доби две шлаканици од Слован Братислава, па потоа доживеа елиминација и од Пјуник.
А ние така лесно милуваме да си кажеме дека нашиот фудбал и ерменскиот се најмалку на исто ниво, дури – ние сме и сериозно подобри и поталентирани. Кога ќе ја гледаме репрезентацијата, очекуваме така магично да ги победиме сите и да одиме на Европско.
Тиквеш го имаше своето деби, што се вели детска радост за злез во Европа, а на „децата“ некогаш може и да им се прости кога ќе паднат. Им велиме, стани ајде, така растат децата. И Тиквеш навистина расте, затоа што пред две – три години беше во Втората лига, а минатата сезона го освои Купот.
И да не бидам погрешно сфатен, ама тука е главниот проблем, што Струга ТЛ која е формирана пред неполна деценија веќе реди титули, а Тиквеш кој беше второлигаш, одеднаш го освои Купот и ја претставува Македонија во Европа.
Ова значи дека другите „спијат“, односно назадуваат.
Таков е третиот клуб што нѐ претставуваше во Европа, тимот на Шкендија. Имале тетовци и многу пославни епизоди на меѓународен план, и навистина е жално што подолг период имаат навистина моќен спонзор, ама нешто не функционира во кадровската политика, како залудно да се трошат парите, не е дека не се купуваат фудбалери, но резултати – нема!
„Спијат“ и Шкупи, Вардар, Работнички, спие целиот македонски фудбал. Нема инвестиции, нема подобрување на инфраструктурата, нема клубови со вистинска организациска поставеност, па потоа се чудиме зошто клубови од Сан Марино, Малта, Луксембург, незапирливо одат напред. Затоа што работат, вложуваат и го гледаат фудбалот како бизнис.
Кај нас сѐ уште низ целиот фудбал македонски кружи единствената тема на разговор – „Ќе дадат ли овие некогаш плата?“
За крај, време е можеби за ново „правило“ кое сами ќе си го воведеме. Кој нема да помине две кола во Европа, да нема право следните три години да игра на меѓународна сцена, дури и ако биде втор, прв или случајно да му се погоди да го освои Купот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski