
Не е за смеење работава. Како и во се друго, ова парче земја секогаш оди по најтешкиот пат. Ги фати „болеста“ и фудбалерите кои се последните херои на оваа нација, ја радуваа со учеството на Европското првенство, го продолжија континуитетот и со пласман во мундијалскиот бараж, а таму, малерозната рака на Лотар Матеус ни ги извлече Италија, па потоа Португалија (или Турција).
Знаев дека овој Матеус е „згрешен“ уште кога се нафати да биде тренер на Партизан, ама не знаев дека може до толку да ги зацрни Италија и Португалија. Нека се тресат сега Роберто Манчини и Кристијано Роналдо.
Македонија ја „тресна“ Германија во Дуисбург, па зошто не би ја победила и Италија, да речеме на „Олимпико“ во Рим. Едвај го чекам 24 март, ќе седнеме повторно во новинарската ложа, ќе не пречекаат преубавите италијански хостеси со „бонџорно сињоре“ и ќе уживаме.

Македонија против актуелниот европски првак Италија. Манчини ги има водено Интер и Манчестер Сити, ама и Боби Милевски има титули со Вардар. Единствено што ми е многу криво, е дека Роберто сигурно полесно ќе спие зошто нема да играат Елмас и Пандев, нашите „гранде џокатори“ кои ја урнаа Германија во Дуисбург. Или барем едниот, Елмас кој е суспендиран. Замислете кој „ривајвл“ е Гранде Пандев сега да рече – ќе се вратам за да ја „скинеме“ Италија. Тоа ми е последната желба пред пензија. Вреди да се проба…
Кристијано Роналдо ќе биде втората пречка на Македонија, во финалната бараж пресметка. Каков ли ќеиф би ни се направил да го видиме како прави една од тие неговите плачливи гримаси. Елиф Елмас ќе добие право за настап во финалето, па да ги „поздрави“ со еден победнички гол.
После ова – не треба на Светско! Нека го укинат слободно. И пехарот ќе им го подариме на тие што сакаат…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
