
Го нема веќе Горан Пандев. И веднаш – нема кој да направи магија пред противничкиот гол. „Десетката“ на Горан Пандев му е доверена на Енис Барди. Тежок товар на неговите плеќи, но и апсолутно заслужено. Сепак, ако Барди игра „десетка“ (не бројот на дресот, туку како позиција) тогаш новиот селектор Благоја Милевски ќе мора да го помести многу понапред.
Зошто? Затоа што тој е речиси единствениот кој може да „подели“ топка, да го има тоа завршно додавање, но и да упати силен, прецизен шут од далечина. Го разбирам селекторот. Ако оди Барди понапред, кој ќе ја држи играта од позадина?! Го немаше овојпат Аријан Адеми, а сите останати – не се тој калибар.

На Македонија сега и фали „фантазиста“. Тоа во италијанскиот фудбал е назив за фудбалер кој поседува фудбалска фантазија и умее да ја пробие противничката одбрана. Токму затоа и го прашав новиот селектор на официјалната прес – конференција, која ќе биде улогата на Елиф Елмас во пост-Пандев ерата. Искрено, не знам дали е тоа и Ердал Ракип, кој сега се „протнува“ да биде нов Македонец, откако претходно „не сакаше“.
Единствено тој е „фантазиста“ во оваа селекција на Македонија. Во првото полувреме играше на таа позиција и изгледаше подобро и целиот тим, иако не успеавме да постигнеме гол. Потоа Елмас доби „прекоманда“ на левата крилна позиција, нешто што го игра и во Наполи, но во средниот ред влегоа Спировски и Ашковски. Тие се се, само не се „фантазисти“.
Единствен таков „џокер“ на клупата беше Даниел Аврамовски. Не доби шанса за настап.
Да не го заборавиме и Агим Ибраими. Има само 32 години и уште игра одличен фудбал. Покажал и дека може да биде лидер во репрезентацијата, токму кога го немало Горан Пандев. Ако може да го вратиме Адис Јаховиќ на 34 години, затоа што немаме опции во нападот, сигурно можеме и Агим Ибраими. Тој би бил реално, добро решение.
Следниот е Давид Бабунски, со сите свои доблести и маани. Селекторот Благоја Милевски добро го знае тоа од периодот на младата репрезентација. И да, не е ова младински фудбал, овде е многу потешко да се дојде до успеси.
Летвичката е подигната. Македонија беше на Европско…репрезентација со такво педигре треба да ја победи Ерменија дома. Да се надеваме дека ќе биде подобро веќе против Исланд и против Романија. И секоја нова влада добива 100 дена пред да почнат да и ги наоѓаат мааните.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
