
Албанскиот интернационалец Омар Имери ја напушти Шкендија и кариерата ја продолжува во дресот на турскиот прволигаш Анталија. Имери беше желба на неколку турски прволигаши, се споменуваше и трансфер во „големиот“ Фенербахче, но раководството на Анталија беше најумешно во преговорите на тетовци, официјализирајќи го ангажманот на овој фудбалер од македонското првенство.
Потврда за комплетирањето на трансферот на Имери попладнево пристигна и од раководството на Шкендија.
„Сакаме јавно да му се заблагодариме на Имери за придонесот и за посветеноста носејќи го нашиот дрес. Му посакуваме многу среќа и успех во иднина. Добрата соработка меѓу Шкендија и Анталија овозможи да се комплетира трансферот на Имери во турскиот прволигаш“, се вели во соопштението на тетовскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal