Вечерва ќе се одиграат реваншите од полуфиналето во Лига Европа, со два многу возбудливи натпревари кои носат различни приказни и амбиции. Манчестер Јунајтед го пречекува Атлетик Билбао, додека Тотенхем патува на крајот од Европа за дуел со изненадувањето на сезоната — Бодo/Глимт.
Манчестер Јунајтед доаѓа во реваншот со убедлива предност од 3-0 од првиот натпревар во Шпанија. И покрај ова, тимот нема блескава сезона на домашна сцена и моментално се наоѓа на 15. место во Премиер – лигата. Единствената реална шанса за пласман во европските натпреварувања следната сезона останува преку успех во Лига Европа. Интересно е што „црвените ѓаволи“ се единствениот непоразен тим во европските натпреварувања оваа сезона со 13 натпревари без пораз.
Атлетик Билбао, пак, иако започна добро во првиот натпревар, потоа падна по примените голови и црвениот картон. Тимот ќе биде значително ослабен во реваншот, без своите клучни играчи — браќата Ињаки и Нико Вилијамс, Ојан Сансет и исклучениот Даниел Вивиан.
Тотенхем исто така има солидна предност од 3-1 против норвешкиот Бодо/Глимт, но голот постигнат на крајот од првиот натпревар им остава надеж на домаќините. За лондонскиот тим, ова е можност за прв трофеј по 2008 година и единствена шанса за спас на една неуспешна сезона. Менаџерот Анге Постекоглу има проблеми со составот — повредени се Џејмс Мадисон, Хјонг-Мин Сон, Доминик Соланке и Лукас Бергвал.
Бодо/Глимт се сензацијата на сезоната. Тие се првиот норвешки клуб што стигнал толку далеку во европските натпреварувања. Нивниот терен „Аспмира“, со тешки временски услови и вештачка подлога, претставува сериозен предизвик за секој противник. Градот се наоѓа на само 150 километри од Северниот Поларен круг и атмосферата таму се смета за еден од најголемите адути на домашниот тим. Евентуален пласман во финалето ќе биде историски успех за норвешкиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













