Connect with us

Има два големи проблеми за трансферот на Роналдо во Атлетико Мадрид

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо сака да се реализира негов трансфер во Атлетико Мадрид бидејќи е убеден дека со клубот би можел да се бори за трофеите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Трансферот на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид во тимот на лутиот градски ривал се споменува речиси цел месец, но останува да се види колку целата приказна е реална и остварлива.


Се чини дека има два големи проблеми.

Прво и основно, Атлетико Мадрид ќе мора да продаде една од ѕвездите во својот тим за да собере средства да го доведе Роналдо. Вториот проблем се однесува на реакцијата на навивачите. Роналдо со години го „тероризираше“ Атлетико Мадрид, клубот против кој постигна најмногу голови во неговиот деветгодишен мандат во Реал, но и во кариерата.

Роналдо против екипата на Атлетико настапи дури 37 пати, забележувајќи 17 победи и по 10 нерешени и порази, со ефект од 25 гола и девет асистенции. Освен по неговите голови и асистенции, навивачите на Атлетико го паметат и по неговите грди гестови, како кога се фати за меѓуножјето како играч на Јувентус, одговарајќи на истиот гест на Диего Симеоне на првиот од двата меча меѓу Атлетико и торинскиот тим во ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови