Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, во наредните денови ќе го објави списокот на играчи за натпреварите од Лигата на нациите против Швајцарија и Шпанија, а на листата се наоѓа и чудото од дете на Црвена Звезда, Андрија Максимовиќ.
Талентираниот 17-годишен офанзивец, Андрија Максимовиќ, ќе го најде своето место на поширокиот список на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ.
Пикси наскоро ќе го објави списокот на играчи за натпреварите со Швајцарија (12 октомври) и Шпанија (15 октомври), а на него ќе биде и името на талентираниот офанзивен играч од средниот ред на Црвена Звезда.
Оваа вест е потврдена од Фудбалската федерација на Србија, па така талентираниот младинец за само неколку дена ќе доживее навистина неверојатен пресврт во својата кариера.
Максимовиќ вчера ги одигра своите први минути во дербито. Тој одигра навистина феноменален натпревар, запиша асистенција и сите беа воодушевени од тоа што го покажа.
Интересно е што, ако запише минути во дресот на Србија, Максимовиќ ќе биде вториот најмлад играч во историјата на српската репрезентација. Пред него останува Андрија Живковиќ, кој дебитираше со 17 години и 92 дена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













