
Македонскиот прволигаш Брера Струмица го претстави Илјаз Чилјафи како ново засилување, на само неколку дена пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
Чилјафи игра на позицијата лево крило, а доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица, каде одигра одлични партии во есенската полуетапа.
Илјази во својата кариера има настапувано за повеќе клубови во македонскиот фудбал. Има играно за Шкендија, Струга ТЉ, Гостивар, Тетекс, Воска Спорт.
,,Ми преставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица, клуб кој го сврте вниманието на фудбалската јавност во земјава и пошироко. Добро сум прифатен во тимот и веќе се приклучив во тренажниот процес на струмичани. Се надевам дека ќе добијам шанса за да ги покажам своите квалитети и дека како тим ќе ја исполниме зацртната цел а тоа е место погоре на прволигашката табела“, изјави Чилјафи.
Брера во првиот натпревар од пролетната полусезона ќе му гостува на Силекс во Кратово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal