
Илинден куп прераснува во престижен турнир за млади категории не само во регионот, туку и пошироко. Изминатите неколку дена, од 12 до 15 септември, на терените во Марино и во Кадино, се одржа новото издание на Илинден Куп, на кое учествуваа голем број реномирани екипи од Македонија, од регионот, но и од Европа.

Пехарите и медалите ги доделија министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски.
Беа присутни 159 тимови, во шест возрасни генерации, а ова се победниците по категории:

2017 година: 1. Тамба Кидс Брашов, 2. Бутел Скопје, 3. Аеродром Скопје
2016 година: 1. Црвена Звезда Белград, 2. ЦСКА Софија, 3. Форца Скопје
2015 година: 1. Национал Софија, 2. Црвена Звезда Белград, 3. Форца Скопје
2014 година: 1. Партизан Белград, 2. Будуќност Ниш, 3. ФШ Грозданоски Скопје
2013 година: 1. Партизан Белград, 2. Еуроспорт Куманово, 3. Национал Софија
2012 година: 1. Кожуф Гевгелија, 2. Нова Колонија Скопје, 3. Форца Скопје


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal