Connect with us

Илиевски: „Лавовски“ скалп за убав крај на полусезоната

Работнички во последното есенско коло, денеска (13 часот) на домашен терен го пречекува тимот на Македонија ЃП. По триумфот над Брегалница во Штип, составот на Борче Христов посакува успех и против „лавовите“.


Дефанзивецот Бојан Илиевски вели дека ќе биде тоа тежок натпревар против тим кој се наоѓа во одлична форма.

„Победата над Брегалница во Штип ни дојде како мелем на раните, сега довербата ни е многу поголема и сакаме да го повториме тоа издание и на денешниот меч против Македонија ЃП. Очекувам тежок и неизвесен натпревар, затоа што и противникот е во одлична форма во последниот период. Но, верувам дека со максимален ангажман и мудра игра можеме да стигнеме до бодовите“, вели Бојан Илиевски.

Шкендија и Шкупи се фаворити на дуелите против Скопје, односно Борец, а и Академија Пандев има релативно лесна задача против Пелистер на домашен терен, а Струга Трим Лум е домаќин на Ренова.

Вчера, Брегалница го совлада Тиквеш со 1-3.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО (13 часот)

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ

БОРЕЦ – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА

ВЧЕРА: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови