Connect with us

Илиевски: Горд сум што како претставник од ПМФЛ го носам дресот на Македонија

Десниот бек на Струга Трим Лум, Бојан Илиевски, повторно одигра одличен натпревар за македонската репрезентација. И на овој дуел се запиша со асистенција, а по триумфот над Лихтенштајн задоволството беше големо – и од личниот настап, но уште повеќе од победата на националниот тим.

„Секако дека сум радосен за асистенцијата, но далеку поважно е што ја освоивме победата. Ние навистина функционираме како едно семејство и секогаш се трудиме да ги исполниме задачите што ќе ни ги зададе селекторот. Посебна гордост ми е тоа што сум дел од ПМФЛ и што имам можност да го носам репрезентативниот дрес, бидејќи тој носи сосема поинаква тежина“, изјави Бојан Илиевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови