
Во таборот на Словенија владее очигледно силен оптимизам пред утрешниот натпревар од 2. коло во Групата Г од квалификациите за пласман на ЕП 2020. Македонија од 20:45 часот утре на стадионот „Стожице“ во Љубљана ја очекува втората квалификациска пресметка по победата над Летонија од 3-1 во Скопје.
Словенците, пак, ремизираа (1-1) на гостувањето против Израел па сега посакуваат само три бода за, како што велат, да биде исполнета целта од првите два квалификациски натпревари.
„Изгубивме два бода против Израел кои ги заслуживме, па сега неизбежно ќе мора да ги надополниме против Македонија. Не ја потценуваме оваа репрезентација која е предводена од еден Горан Пандев, а има фудбалери како Несторовски, Трајковски, Барди… Но, за нас победата едноставно е императив“ – вели фудбалерот на Атланта, Јосип Иличиќ, еден од најталентираните словенечки фудбалери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal