Јосип Иличиќ повторно има сериозни психички проблеми поради кои ги пропушти последните два натпревари на Аталанта. Одличниот 33-годишен словенечки репрезентативец последен пат во стартниот состав беше во средината на декември на мечот со Рома. Потоа два пати влегуваше од клупата и потоа целосно исчезна од составот.
Кога станува збор за Иличиќ, Аталанта е многу внимателна со информациите за неговото здравје, за што не се зборува премногу. Се знае само дека е „повреден“, но „Ла Република“ пишува дека повредата не е физичка, туку психичка. Весникот денеска објави дека Иличиќ повторно паднал во депресија, во „темен тунел“ од кој повторно многу тешко излегува.
Ситуацијата е многу компликувана. Аталанта е среде борба за Лигата на шампионите и многу се потребни головите и асистенциите на Иличиќ. Но, Словенецот е целосно отсутен со духот и моментно не може да игра фудбал. Не знаат што да прават со него во Бергамо.
Иличиќ имаше огромни психолошки проблеми по избувнувањето на пандемијата на коронавирус, што имаше особено трагични последици во и околу Бергамо. Словенецот не го издржа огромниот број мртви и сликите од ковчези кои минуваат низ градските улици. Тој со месеци се бореше со ова во главата за да „пукне“ во јули кога побара пауза од клубот. Потоа се раздели и со својата партнерка.
Тренерот Џанпјеро Гасперини и сите негови соиграчи се обидоа да му помогнат, но Иличиќ воопшто не реагираше. Тој беше целосно повлечен, затворајќи се до тој степен што мораше да го напушти тимот за да се обиде да се вразуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













