Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја има првата проверка на формата пред Европското првенство, а ривал е селекцијата на Словенија. Тежок испит за нашиот национален тим, но и пријателски пристап од Словенците. Јосип Иличиќ и Матјаж Кек велат дека ќе ја симпатизираат Македонија на ЕВРО.
„Играме против репрезентација која ќе учествува на Европско, очекувам добар натпревар и се надевам дека ќе забележиме позитивен резултат. Заморен сум од фудбалот, ако ги следам натпреварите од ЕВРО – ќе навивам за Македонија“, изјави Јосип Иличиќ.

Селекторот Матјаж Кек вели дека Македонија е сериозен ривал и ако некој го потцени на ЕВРО нема добро да си помине.
„Македонија игра на ЕВРО, очекувам добар меч. Вашата репрезентација ја победи и Германија, сигурно имам симпатии кон Македонија, тоа е селекција на која другите ќе треба многу да внимаваат“, изјави Матјаж Кек.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













