
Мауро Икарди, наводно, сака да се врати во Серија А и му е понуден на Милан, но и Рома и Јувентус се заинтересирани да го потпишат. Аргентинскиот напаѓач се приклучи на ПСЖ од Интер во 2018 година на позајмица со можност за купување, па францускиот гигант го откупи неговиот договор за 57 милиони евра.
Поранешниот напаѓач на Интер има постигнато 12 гола на 26 настапи во сите натпреварувања досега во оваа сезона, но тој сака да се врати во Италија на крајот од тековната кампања, вели “Калчомеркато”. Неговиот агент и сопруга Ванда Нара наводно се залага за враќање во Милано, а агентите на Аргентинецот го понудиле напаѓачот на Милан.
“Росонерите” се во потрага по нов напаѓач ова лето, бидејќи Златан Ибрахимовиќ се здоби со повреда на коленото и има моѓност да не добие редовна минутажа во сезоната 2021-22. Јувентус и Рома исто така го следат 28-годишниот фудбалер и може да се обидат да го ангажираат во летниот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal