Мауро Икарди во 92.минута погоди за реми (1-1) за Пари Сен Жермен на гостувањето кај Лориен. Домаќинот имаше пет порази по ред, но одигра одличен меч против „светците“. Томас Монкондуи во 41.минута беше стрелец за водечкиот погодок на Лориен, а ПСЖ остана со фудбалер помалку во финишот поради исклучувањето на Серхио Рамос.
Лион исто така одигра 1-1, но дома против Мец. Кастелјо Лукеба го доведе Лион во водство во 56.минута, но Бубакар Траоре израмни само две минути подоцна.
Олимпик Марсеј со пенал во 98.минута што го реализираше Димитри Паје, се спаси од пораз (1-1) против Реимс. Ница го совлада Ленс со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













