Шпанскиот фудбал го потресе расистички скандал што се случи минатата недела за време на гостувањето на Валенсија кај Кадиз. Фудбалерите на Валенсија престанаа да играат и го напуштија теренот откако, наводно, Муктар Дијакаби бил навреден на расна основа од страна на противничкиот фудбалер, Хуан Кала.
“Не знам дали Дијакаби го измислил тоа, или погрешно го протолкувал. Не знам, но имам живеено со Кинези и Јужноафриканци, а бев и во Гвинеја. Неверојатно е што се случува. Јас сум навистина шокиран”, изјави Шпанецот.
“Никој не го заслужува овој јавен линч. Еве го мојот телефонски број, барем да ми се извинат. Ние играме фудбал без публика. Има 20-25 камери, микрофони, играчи, судии, и никој не слуша ништо.“
Валенсија брзо одговори на тврдењата на Кала преку нивниот официјален профил на Твитер: “Официјално соопштение. Хуан Кала, не ти веруваме”.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












