Connect with us

Играчите на Порто во авион ја гледаа драмата во Мадрид, а потоа славеа лудо (ВИДЕО)

Порто му се приклучи на Клуб Бриж во осминафиналето на Лигата на шампионите од групата Б. Во првиот вчерашен натпревар од оваа група, Порто победи со 4-0 против Бриж во Белгија, а нивниот пласман беше обезбеден со ремито меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен (2-2).


Драматичниот финиш од Мадрид играчите на Порто го гледаа во авионот на враќање од Бриж. Во авионот настана лудило откако Караско го промаши пеналот и кога стана јасно дека Порто избори пласман меѓу 16-те најдобри клубови во Европа.

Атлетико двапати губеше од Баер Леверкузен пред своите гледачи со головите на Дијаби и на Хадсон-Одои, но се врати преку Караско и Де Пол. Во 99. минута беше досуден пенал за Атлетико по игра со рака на гостински играч, но Караско не го реализираше. Неговиот лош удар од белата точка го одбрани голманот Храдецки. Потоа Саул со одбиената топка ја погоди гредата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови