Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук Сплит, пишува „Слободна Далмација“. По оставката на Јенс Густафсон, медиумите во Хрватска веднаш излегоа со имиња за негов можен кандидат, а покрај Ангеловски меѓу кандидатите е и Луис Фернандез, славниот француски стратег. Во моментот недостапен е Иван Леко, кој би имал реално изгледни шанси, а од далечина се споменува името и на Матјаж Кек.
Во Хајдук Сплит настапува македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, а неговиот нов тренер треба да биде познат во наредните неколку дена.
Игор Ангеловски по заминувањето од селекторската позиција беше во конкуренција и за тренер на Фенербахче, но не дојде до соработка со славниот турски клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













