
Пред пет години Игор Ангеловски дојде за селектор, тивко и ненаметливо, како млад стратег кој направи успеси со Работнички. Доби шанса од тогашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, да го преземе кормилото на Македонија. И уште на првата прес- конференција најави дека има амбиции да ја одведе Македонија на Европско првенство.
Првиот чекор беше да го убеди Горан Пандев да го убеди да се врати во националниот тим, а потоа се беше многу полесно. Родениот победник околу себе создаде победничко семејство. И Ангеловски се подреди на тоа, Пандев да биде среќен и да го отвора патот, а помладите да го следат и да веруваат дека чудата се можни.
Така дојде плејоф – мечот со Косово, потоа и финалето со Грузија, а Горан Пандев кога беше најтешко ја покажа својата класа. Постигна историски гол во Тбилиси за пласман на Европско првенство, а селекторот создаде хемија меѓу фудбалерите.

Сето ова донесе и чудесна победа над Германија во Дуисбург (1-2), а тогаш се зголемија очекувањата за Европското првенство. Селекторот Игор Ангеловски заедно со фудбалската икона Горан Пандев стана миленик на нацијата, пораснаа апетитите и пред најголемиот настан, историскиот настап на Европското првенство.
Беше јасно дека Македонија е аутсајдер во групата, но сите потајно се надеваа и на ново чудо. Тоа, сепак, изостана, но Игор Ангеловски заминува од селекторската позиција како најуспешен селектор во историјата на Македонија, со успех каков што којзнае кога и дали некој друг ќе успее да го повтори.
Игор Ангеловски ја предводеше Македонија на 53 натпревари и оствари 23 победи, 11 ремија и 19 порази. Тој има околу 44% успешност, а зад него се Ѓоко Хаџиевски и Чедомир Јаневски. Од следниот месец нов селектор на А – репрезентацијата на Македонија се очекува да биде именуван досегашниот кормилар на У21 селекцијата, Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski