Connect with us

Ибракадабра е неуништлив: Нов договор со Милан до 2023

Легендарниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ на почетокот на следната година ќе се сретне со челниците на италијанскиот гигант во врска со продолжувањето на договорот до летото 2023 година, пренесува „Газета дело Спорт“.


Актуелниот договор на 40-годишниот фудбалер истекува на крајот од сезоната, а и покрај неговите години, на „Сан Сиро“ сметаат дека овој фудбалер во догледно време многу би им значел.

Доверлив извор наведува дека челниците на Милан ќе се сретнат со Ибрахимовиќ на почетокот на годината и дека обновувањето на соработката ќе биде чиста формалност доколку здравствената состојба на Златан биде како досега.

Ибрахимовиќ е предводник на „росонерите“. Тој оваа сезона постигна три гола на шест натпревари во Серија А. Ова не е единствената нова вест од Милан, бидејќи тренерот Стефано Пиоли во наредните денови ќе потпише нов договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови