
Шведска утревечер во полуфиналето од плејофот за Светското првенство во Катар ќе игра против Чешка, а победникот од овој дуел ќе се сретне во финален двобој со Полска, која директно се пласира поради суспензијата на Русија.
Златан Ибрахимовиќ (40) во пресрет на дуелот со Чесите зборуваше за можноста да стави крај на кариерата.
„Се чувствувам малку во паника поради можноста да престанам да играм. Секако дека ќе продолжам што е можно подолго, се додека можам да постигнувам голови, се додека сум добар на теренот, а без да чувствувам мака“, изјави Златан Ибрахимовиќ, кој чека ново продолжување на договорот со Милан.
„Не знам што ќе се случи понатаму, додека ја пишував книгата бев малку исплашен. Улогата во фудбалот по пензионирањето? Ќе видиме кога ќе дојде тој ден. Би можел да започнам нешто ново, да направам пауза или целосно да исчезнам. Се разбира, адреналинот што го чувствувам сега никогаш повеќе нема да го почувствувам. Програмирани сме да се будиме, да се подготвуваме за тренинг, да тренираме, да одиме дома и да се одмориме. Мислам дека многумина ќе бидат тажни што никогаш повеќе нема да ме гледаат како играм. Сега треба да се забавуваме, вакво нешто повеќе нема да видите“, изјави во свој стил, Ибракадабра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
