
Македонскиот прволигаш Шкендија по три години го врати во своите редови Бесарт Ибраими. Тој минатата сезона дојде во Тетово и со Струга ТЛ буквално и ја одзеде од раце титулата на Шкендија, која беше во добитна позиција доколку не го загубеше мечот.
Но, сега е среќен што повторно е дел од Шкендија. Тој се враќа во Шкендија по три години, откако во периодот од 2015 до 2021 година, во текот на шест години беше еден од клучните играчи во најуспешниот период на клубот.
Ибраими официјално е најдобар стрелец во историјата на Шкендија, но и во целата историја на елитниот фудбал во Македонија.
„Многу сум среќен што повторно се приклучувам на Шкендија и со нетрпение очекувам да придонесам за овој голем клуб“, изјави тој за време на потпишувањето на договорот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
