Златан Ибрахимовиќ нема веќе да ги изведува пеналите за Милан. Барем додека не му помине „малерот“. Тој сам се смени од прв пеналџија во тимот, откако не успеа да реализира од белата точка и на натпреварот против Верона (2-2) на „Сан Сиро“. Сега има неверојатно лош ефект од четири промашени од последните шест пенали за „росонерите“.
„Не погоди уште еден пенал и мислам дека е редно време да му го оставам тоа на Франк Кеси. Така би било најдобро“, изјави Швеѓанецот.
Златан Ибрахимовиќ сепак беше херој за Милан со оглед дека го спаси тимот од пораз со погодок во судиското продолжение од мечот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski