Златан Ибрахимовиќ по пет години се враќа во репрезентацијата на Шведска. 39-годишниот напаѓач нема настап за националниот тим од јуни 2016 година, но одличната сезона во Италија го натера селекторот Јане Андерсон да му даде повик за квалификациските мечеви за СП 2022 против Грузија, Косово и против Естонија.
Ибрахимовиќ не беше во најдобри односи со раководството на Фудбалската федерација на Шведска, но се случило помирување и оттаму и повикот за одличниот напаѓач.
Оставена е сериозна можност Златан Ибрахимовиќ да биде дел од репрезентацијата на Шведска и на претстојното Европско првенство. Швеѓаните се во група со Шпанија, Полска и со Словачка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













