Милан објави дека Златан Ибрахимовиќ бил на успешна операција на коленото и се очекува да закрепне целосно во рок од два месеци. Повредата го принуди 39-годишниот ветеран да го пропушти Европското првенство со репрезентацијата на Шведска.
Ибра се здоби со повреда на коленото во триумфот од 3-0 над Јувентус минатиот месец, што предизвика стравувања од можна долга пауза. Сепак, се чини дека е избегната посериозна повреда. “Росонерите” потврдија дека Ибрахимовиќ бил подложен на артроскопска операција на левото колено во меѓународната болница во Рим.
Процесот на оздравување ќе трае четири недели пред тој да почне со трчање, а се очекува повторно да биде на располагање на тренерот Стефано Пиоли по осум недели, односно токму пред почетокот на новата сезона во Серија А, вели “Скај Спорт Италија”. Златан во октомври ќе наполни 40 години и штотуку потпиша нов договор со тимот од “Сан Сиро” кој ќе трае до јуни 2022 година. Оваа сезона тој забележа 27 настапи, постигнувајќи 17 погодоци и три асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal