
Златан Ибрахимовиќ призна дека му недостига чувството на адреналин што го носи играњето на фудбалски натпревари. Легендарниот шведски напаѓач, кој се повлече од фудбалот во 2023 година, сега има советничка улога во управата на италијанскиот Милан.
„Ми недостига тој наплив на адреналин од теренот. Секогаш бараш нова возбуда, иако никогаш не е исто. Пред да одлучам да се пензионирам, чувствував страв — фудбалот беше мојот живот. Но, во еден момент го прифатив тоа. Сфатив дека ништо не доаѓа лесно — мораш да работиш напорно, и тогаш сè ќе се случи природно“, изјави 44-годишниот Ибрахимовиќ за „Газета дело Спорт“.
Поранешниот капитен на шведската репрезентација зад себе има блескава кариера, настапувајќи за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.
Иако повеќе не е активен на теренот, Златан останува блиску до фудбалот — и, како што сам признава, продолжува да ја бара новата животна „доза на адреналин“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal