
Златан Ибрахимовиќ повторно ja демонстрира својата карактеристична самодоверба и сподели дека дури и на 42 години би можел да се претстави на високо ниво во фудбалската игра. Само пред една година, Швеѓанецот се повлече од активната спортска кариера и остана во својот последен клуб Милан како директор.
„Можам да влезам на терен последните дваесетина минути. За тоа време на секој натпревар би постигнал вкупно помеѓу 15 и 20 голови во првенството. Ако имав дополнителни 10 минути по натпревар, тогаш би стигнал до границата од 30 голови. Во тој период противниците веќе ќе бидат уморни, а јас тогаш само што ќе започнам. Ова се едноставни факти, не е его“, изјави Ибрахимовиќ.
Милан се соочува со слаб старт на сезоната, а легендарниот тренер Фабио Капело го обвини и Ибрахимовиќ дека има вина во слабиот почеток на сезоната за „росонерите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski