Connect with us

И Шкупи заврши со Европа: Пораз од Пјуник во Скопје (ВИДЕО)

Македонскиот клупски фудбал се соочи со бруталната реалност околу нашето место во европски рамки. Сите четири клубови претставници во европските натпреварувања се елиминирани во почетното коло, ако се исклучи можноста која ја доби Шкендија да продолжи во квалификациите од Лигата на Европа. Последен клуб кој е елиминиран е Шкупи кој на арената „Тодор Проевски“ загуби со 1-2 од ерменски Пјуник завршувајќи ги натпреварите во ЛЕ.

На чаирчани по оние 3-3 од Ереван им беше неопходно и само реми со помалку голови за да дојде до втората рунда натпревари, но ниту тоа не успеаја да го реализираат и покрај одличната поддршка од трибините на нашиот најголем стадион.

Пјуник брзо дојде до водство со евро-голот на Едигарјан уште во 7. минута…

Во 31. минута веќе се беше завршено со брзиот контранапад и погодокот на Миранјан за 0-2…

Во второто полувреме гостите само рутински си ја одржуваа резултатската предност за конечна победа и пласман во следното коло во кое ги чека чешкиот Јаблонец со до 80. минута. Во 81. минута неизвесност во финишот внесе Јурина со погодокот за 1-2 а на асистенција на Билали.

Голот на Јурина внесе агресивност и желба за втор гол во редовите на Шкупи, но во таа желба и тензија која донесе само исклучување во 86. минута за Жуниор. Чаирчани се обидуваа до крајот да дојдат до посакуваните 2-2, но не успеаја во тоа завршувајќи со својот европски настап.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови