
Кристијано Роналдо в недела ќе го пропушти натпреварот на португалската репрезентација против Швајцарија во Лигата на нации. Капитенот Роналдо, Жоао Мутињо и Рафаел Гереиро не отпатуваа со селекцијата на натпреварот во Женева.
Португалскиот селектор Фернандо Сантош му даде пауза на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.
„Тие немаат повреди и физички проблеми, тоа е само нормална ротација. Немаше смисла да се патува со 26 играчи во Швајцарија, бидејќи само 23 можат да бидат во тимот“, изјави Сантош.
И без Роналдо, играчот од средниот ред Рубен Невеш не се сомнева дека Португалија има доволно квалитет за победа.
„Очигледно Кристијано е најдобриот играч на светот и секогаш е задоволство да се игра со него. Сепак, сигурен сум дека сме подготвени да освоиме нови три бода“, истакна играчот на Вулверхемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
