
Во репрезентацијата на Италија за време на Европското првенство имало скандал меѓу играчите и селекторот Лучијано Спалети. Весникот „Република“ открива дека некои фудбалери го обвиниле Спалети за слабата подготовка на тимот за турнирот и недостатокот на интензитет во наметнатиот стил на игра.
Дополнително, играчите биле шокирани од одлуката на селекторот да ја смени тактиката и составот два часа пред натпреварот против Хрватска (1-1). Иако имаше незадоволство, веќе е јасно дека 65-годишниот Спалети ќе остане на својата позиција.
Скандалот кај „аѕурите“ има и друга димензија. Фудбалерот Николо Фаџоли бил намерно игнориран од дел од останатите „аѕури“, кои го сметале за „крт“ во тимот. Наводно, тој имал одлични релации со селекторот Спалети и му ги пренесувал сите работи.
Во исто време, стана јасно дека легендарниот голман Џанлуиџи Буфон сака да ја напушти својата позиција како предводник на делегацијата на националниот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
