Претседателот на шпанскиот прволигаш Севилја, Хозе Кастро, изјави дека клубот ја одбил понудата на Тотенхем за тренерот Хулен Лопетеги. Кастро рече дека Лопетеги добил неколку понуди, но дека тој дури и не ги слушал, објави „Би-Би-Си“.
Лопетеги го презеде тимот во јули 2019 година, и ја предводеше Севилја до четвртото место во Ла Лига минатата сезона и пласман во Лигата на шампионите.
„Хулен ми се јави и ми рече дека добил понуда. Некои тренери се водат од економска гледна точка, но не и Хулен кој јасно потенцираше дека е среќен тука. Веруваме во него, ја продолживме соработката со нов двегодишен договор и сигурен сум дека тоа ќе му донесе одлични работи на клубот“, изјави Кастро за „Кадена Сер“.
Тотенхем бара тренер од април, откако Жозе Мурињо доби отказ, а екипата ја водеше Рајан Мејсон до крајот на сезоната. Раководството на лондонскиот клуб преговараше со Антонио Конте, беше контактиран и Маурисио Покетино, се споменуваше и поранешниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, како и поранешниот тренер на Наполи и на Фиорентина, Џенаро Гатузо, но Тотенхем се уште е без нов менаџер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal