Офанзивецот Изаир Емини е четвртиот фудбалер кој по крајот на сезоната ги напушта редовите на шампионот Шкендија.
„Сакам да ве информирам дека повеќе не сум дел од Шкендија. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката во овие години“ – напиша Емини во своето обраќање до навивачите на клубот по заминувањето од Шкендија.
Емини меѓу „црвено-црните“ пристигна од албански Кукс, а според најавите сега кариерата ќа ја продолжи во косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане, чиј тренер е Ардијан Нухиу.
Претходно, како што е познато, од Шкендија си заминаа и Самир Фазли, десниот бек Благоја Тодоровски, а во потрага по нов клуб е и Бесмир Бојку.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski