Поранешниот шампион на Европа, португалскиот клуб Бенфика, сака да биде дел од Европската Суперлига, открива португалскиот „Рекорд“. Челниците на клубот веќе оствариле контакт со Флорентино Перез, претседателот на новоформираната Суперлига и дале зелено светло за вклучување во проектот.
Првиот човек Луис Фелипе Виеира имал конкретен разговор со Перез и му порачал дека Бенфика нема ништо против да биде дел од ова елитно натпреварување.
Интересно е дека Порто, најголемиот ривал на Бенфика во португалскиот фудбал, заедно со Спортинг Лисабон, порачаа дека ќе останат верни на УЕФА и нема да бидат дел од Европската Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













