Connect with us

И Барселона сака да го купи Садио Мане

Садио Мане е блиску до заминување од Ливерпул. По вчерашната вест дека Баерн Минхен е заинтересиран за Сенегалецот и дека Хасан Салихамиџиќ веќе преговарал со неговите агенти за евентуален трансфер на „Алијанц арена“, денеска пристигна уште една бомбастична информација за можен негов трансфер во Барселона.


И Матеу Алемани е воодушевен од Мане и смета дека сега е идеалната пазарна можност за негов трансфер, една година пред истекот на договорот.

Доколку Осман Дембеле не потпише нов договор, ќе си замине како слободен агент, а Барса потоа ќе се сврти кон Мане, иако цел на клубот и понатаму е и Рафиња од Лидс Јунајтед.

Мане се уште нема добиено понуда од Ливерпул, но наводно го чека крајот на сезоната за да се сретне со раководството на клубот.

Се шпекулира дека Мане сака да замине во Шпанија, сметајќи дека неговиот следен исчекор во кариерата е преселба во Барселона или во Реал Мадрид. Мадриѓаните имаат поинакви планови, бидејќи го сакаат Килијан Мбапе.

Мане е на крстопат, да се пресели во Барселона, да оди во Баерн Минхен или да остане во Ливерпул?

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови