Холандскиот ветеран Клас-Јан Хунтелар нема намера да ја заврши кариерата, без оглед на тоа што има 38 години. Тој заминува од Шалке 04 кој испадна во второлигашкото друштво, а најверојатно ќе се врати во матичниот клуб Де Графшап.
Трофејниот фудбалер се врати во Германија во зимскиот преоден рок со надеж дека ќе му помогне на Шалке да обезбеди опстанок, но откако не успеа, сега е во потрага по нов предизвик.
Се очекуваше да биде Холандија, но никој не можеше да претпостави дека тоа може да биде Де Графшап, клубот во кој тој ги направи своите први фудбалски чекори и дебитираше во професионалниот фудбал. Хунтелар се пресели од овој клуб како тинејџер во ПСВ Ајндховен во 2000 година, но својата прва професионална полусезона ја помина на позајмица во неговиот матичен клуб.
Во Де Графшап се надеваат дека Хунтелар би можел да ја заврши кариерата играјќи за негова душа и дека големите амбиции веќе не му се приоритет. Овој клуб не успеа да се пласира во Ередивизие затоа што сезоната ја заврши на третото место.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












