Connect with us

Хунтелар е нов спортски директор на Ајакс

Нов спортски директор на холандскиот гигант Ајакс е поранешниот холандски репрезентативец Клас-Јан Хунтелар. Напаѓачот, кој постигна 42 гола на 76 настапи за холандската репрезентација, се пензионираше минатата година како играч на германскиот Шалке. Претходно во кариерата играше за Ајакс, во два наврати, од 2006 до 2009 година и од 2017 до 2021 година.


Во Ајакс, Хунтелар ќе го замени Марк Овермарс, кој неодамна мораше да поднесе оставка од функцијата спортски директор, откако беше откриен скандал со вербално малтретирање колешки.

„Мило ми е што повторно доаѓам во Ајакс. Љубопитен сум како ќе се снајдам со мојата нова работа и верувам дека знаењето што го стекнав во кариерата ќе ми помогне во тоа. Инаку, моментно работам и на стекнување на тренерска диплома“, изјави Хунтелар.

Ајакс го потресе голем скандал при отказот на Овермарс. Холандските медиуми интервјуираа 11 вработени во клубот, кои открија одвратни детали. Неколку жени рекоа дека поранешниот прославен холандски фудбалер им испратил фотографии од неговиот пенис.

„Често ни пишуваше дека му е жешко, а потоа ни ја испраќаше својата фотографија. Во други прилики нè прашуваше што носиме“, изјави една анонимна вработена кој контактирала со медиумите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови