
Германскиот шампион Баер Леверкузен е заинтересиран за дефанзивецот Матс Хумелс, објави „Скај Спорт“. Раководството на клубот во последните недели разговараше за неколку имиња за оваа позиција, со намера да доведе искусен дефанзивец.
„Аспирините“ бараат замена за Џонатан Тах, чиј трансфер во Баерн Минхен е само прашање на време.
35-годишниот поранешен играч на Борусија Дортмунд ги исполнува поставените критериуми и затоа неговото име се најде на списокот на Чаби Алонсо. Сепак, Хумелс сѐ уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
За него интерес има и од шпанскиот клуб Мајорка, а во трката се чини дека влегуваат и миланските гиганти Интер и Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
