
Во Варна се одигра натпревар кој беше многу повеќе од фудбал — натпревар на човечноста, солидарноста и спортскиот дух. Македонските ветерани славеа со 3-2 против бугарските легенди, но вечерта ја одбележа големото срце на сите учесници: собраните средства беа наменети за семејствата на трагично загинатите во несреќата во Кочани.
Иницијативата за ова благородно случување потекна од фудбалскиот великан Христо Стоичков, кој заедно со своите соиграчи ја испрати пораката дека спортот обединува таму каде што зборовите понекогаш не стигнуваат. Од другата страна, македонската репрезентација, предводена од капитенот на генерациите Горан Пандев, со срце ја прифати поканата.

Во топла и вистински пријателска атмосфера, двете селекции одиграа двапати по 35 минути вистинско фудбалско уживање. Ристо Божинов прв ја стресе мрежата и донесе водство за Македонија, но Камбуров од пенал ја врати Бугарија во игра. Одговорот дојде веднаш преку Пандев, исто така од белата точка, за нова македонска предност. Михтарски повторно израмни, но Дарко Тасевски во 57. минута го постигна решавачкиот гол и донесе триумф за нашите ветерани.
Но повеќе од резултатот, она што ќе остане во срцата на сите е заедништвото, братството и силната порака дека спортот, кога е најпотребно, знае да биде најсветлата ѕвезда на надежта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
