
Група хрватски фанови предизвикаа шоу во центарот на Доха, појавувајќи се облечени во традиционалната арапска тоалета, кандура, но украсена со препознатливи црвено-бели квадрати.
Членовите на фан клубот „Ми Хрватите“ прошетаа низ „Соук Вакиф“, централниот пазар во Доха, облечени во традиционални бели долги фустани со карактеристични хрватски квадрати.
Тие беа вистинска атракција со стандарден репертоар на навивачки песни. Луѓето им приоѓале сакајќи да се фотографираат, бројни новинарски и фоторепортерски екипи ги снимале, а збунетите минувачи воодушевено им аплаудирале.
„Ние сме вкупно 16, шестмина сме од Осијек, има и некои од Загреб, од Дубровник“.
Тие беа и во Русија и тогаш носеа традиционални руски шубари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal