
Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ ќе има слобода да преговара со други клубови на првиот ден од 2022 година, бидејќи влегува во последните шест месеци од актуелниот договор со Интер. Клубот сака да го задржи на „Џузепе Меаца“, но преговорите заглавија во износот на платата. Раководството на Интер прво му понуди на Перишиќ 3 милиони евра годишно, два милиони помалку од неговите сегашни примања. Перишиќ секако одби, а потоа миланскиот клуб понуди милион повеќе.
Сепак, Хрватот не ја прифати понудата, бидејќи го посакуваат и некои германски и англиски клубови, а Интер се сврте кон други опции.
Симоне Инзаги тргнал по српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ. Тој на лето ќе биде слободен играч, но тренерот на италијанскиот шампион го посакува српскиот офанзивец веќе во јануари.
Костиќ оваа сезона одигра 21 натпревар за Ајнтрахт во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа девет асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
