По одличниот старт на пролетниот дел од сезоната со триумфот од 0-2 на гостувањето против Слога Виница, очекувано засилен е мотивот во составот на Кит Го за продолжување со успешните настапи.
Веќе во сабота фудбалерите на Кит Го ги очекува нова тешка пресметка против Кожуф, а стрелецот на еден од головите во Виница, Оливер Христов, вели дека секој поединец во тимот е подготвен за ново максимално надигрување.
„Атмосферата во екипата е навистина на едно извонредно ниво. Сето тоа носи и навистина одлични игри и резултати. Во Виница беше еден вистински дерби меч, па со максимално исполнување на задачите дадени од стручниот штаб стигнавме заслужено до победата. Веќе во сабота не очекува уште една дерби-пресметка, сега на домашен терен против Кожуф. Го респектираме противникот, но ќе направиме се да дојдеме до победа и нови три бода во првенството“, вели Оливер Христов за официјалниот сајт на клубот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













