Холандија е четвртфиналист, можеби и најдоминантно досега пласирајќи се меѓу осумте најдобри, откако ја совлада Романија со 3-0 на дуелот во Минхен.
Селекцијата на Роналд Куман прикажа навистина одличен фудбал, се врати на најдобар можен начин откако загуби со 3-2 од Австрија во третото коло од групната фаза.
Интересно е дека можен ривал во четвртфиналето повторно е Австрија, доколку вечерва ја победи Турција.
Коди Гакпо го отвори резултатот во 20.минута, Холанѓаните имаа уште многу шанси, а на крајот блесна Дониел Мален, кој со два гола, во 83.минута и во 93.минута, го потврди триумфот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













