Connect with us

Холандски репрезентативец обвинет за обид за убиство

Холандскиот фудбалер Квинси Промес (29) е обвинет за обид за убиство. Според холандските медиуми, 29-годишниот офанзивец на Спартак од Москва ќе мора на суд поради наводниот обид за убиство на негов братучед, а обвинителството веќе поведе постапка против него.


Промес е обвинет за обид за убиство на роднина. Наводно бил избоден со нож по расправијата што ја имале, а во декември минатата година фудбалерот поради овој случај мина неколку дена во затвор.

Промес ги отфрли сите обвиненија во овој случај, но судењето нема да избега и тој може да се соочи со затворска казна во случај да биде прогласен за виновен. Не е прецизирано колкава казна би можел да добие 29-годишниот фудбалер во овој случај, но продолжувањето на неговата фудбалска кариера е сериозно загрозена.

Квинси Промес моментно е член на Спартак Москва. Покрај тоа играше две сезони за Ајакс, една за Севилја и за Го Ахед Иглс, како и три години за Твенте.

За холандската репрезентација има вкупно 50 настапи и седум постигнати гола, но не настапи во квалификациите за Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови