Холандија и Белгија би можеле во иднина да имаат заедничка фудбалска лига (BeNeLiga) со која ќе парираат на најдобрите пет европски лиги. Шест холандски клуба, Ајакс, ПСВ Ајндховен, АЗ Алкмар, Феенорд, Утрехт и Витесе, и пет белгиски клуба, Андерлехт, Клуб Бриж, Гент, Стандард и Генк, заговараат формирање на ново натпреварување.
Многу повозбудливи натпревари, концентрација на квалитет и многу поголема заработка од ТВ права се главните постулати на новата BeNeLiga. Во овој момент, 11-те клуба од Холандија и од Белгија заработуваат околу 300 милиони евра од ТВ права и реклами, а во една новоформирана заедничка лига заработката би пораснала до 1,3 милијарди евра.
Членовите на Про Јупитер белгиската лига денеска и официјално дадоа одобрение за формирање на заедничка лига на двете земји. Поради пандемијата на коронавирусот преговорите малку се оддолжија, но, сепак, се очекува многу брзо да биде формирано новото натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













