Connect with us

Хјонг – Мин Сон, најдобар фудбалер во Азија за 2022 година

Напаѓачот на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, ја доби наградата за најдобар азиски фудбалер за 2022 година. Јужнокорејецот зад себе ги остави напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот на Ал Хилал, Салем Ал-Давсари.


Сон нема најдобра сезона, но минатата година стана најдобар стрелец во Премиер – лигата заедно со Мохамед Салах.


Напаѓачот се повреди, но успеа да се опорави за да учествува на Светското првенство во Катар, каде Јужна Кореја ја помина групната фаза и испадна во осминафиналето по поразот од Бразил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови