Поранешниот капитен и легенда на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, би можел повторно да заигра во Европа оваа зима – и тоа во дресот на Милан, пишуваат британските медиуми.
Според информациите, 33-годишниот Јужнокореец размислува за краткорочна позајмица по примерот на Дејвид Бекам, за да ја задржи натпреварувачката форма пред Светското првенство 2026 година.
Сон минатото лето го напушти Тотенхем по десет години и потпиша за Лос Анџелес во МЛС лигата, каде што блесна уште на стартот со девет голови на првите десет натпревари. Бидејќи сезоната во МЛС лигата завршува во декември, играчите често имаат можност за кратки зимски позајмици во Европа, нешто што го разгледува и Сон.
Британските извори тврдат дека Милан внимателно ја следи ситуацијата и би можел да реагира доколку клубот од Лос Анџелес даде дозвола. Како можни опции се споменуваат и враќање во Тотенхем или настап во домашното првенство на Јужна Кореја.
Интересно е што договорот на Сон наводно содржи т.н. „Бекам клаузула“, која му овозможува да се врати во Европа во текот на зимската пауза – токму како што тоа го направи Дејвид Бекам кога од ЛА Галакси привремено прејде во Милан во 2009 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роберт Просинечки е нов селектор на Киргистан
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Евро-фудбал
Баерн се мачеше, но го победи Спортинг (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













