
На Ливерпул “ не му оди и по паузата. Тимот на Јирген Клоп одигра само 3-3 против Брајтон на домашен терен, а најзаслужен за бодот на гостите Леандро Тросар кој постигна хет-трик. Брајтон поведе со 0-2, а Ливерпул направи пресврт со двата гола на Фирмино и автоголот на Вебстер, сепак, Тросар со третиот гол донесе реми за Брајтон.
Грем Пoтер стигна до првата победа на клупата на Челси во Премиер – лигата. Конор Галахер погоди во 90.минута за триумф од 1-2 на гости кај Кристал Палас. Домаќините поведоа со голот на Одсон Едуард, а израмни Пјер-Емерик Обамејанг.
Њукасл убедливо го совлада Фулам на гости со 1-4, а и Евертон дојде до гостинска победа (1-2) против Саутемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
