
Реал Мадрид е победник на Суперкупот на Шпанија кој оваа година се играше во Саудиска Арабија. Во големото финале, во Ел Класико, Реал ја декласира Барселона со 4-1 и заслужено го освои трофејот.
Човек на мечот беше Винисиус Жуниор кој постигна хет-трик. Тој во седмата минута го отвори резултатот, а само три минути подоцна зголеми на 2-0.
Левандовски постигна гол за 2-1 во 33.минута, но Бразилецот комплетираше хет-трик со реализација од пенал во 39.минута.
Во 64.минута, Родриго постигна четврти гол за Реал Мадрид и беше јасно дека „кралевите“ ќе го освојат пехарот, Араухо ја остави Барселона и со десетмина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
