Шампионот Баерн Минхен оствари убедлива победа над Штутгарт со 0-5 во 13. коло од Бундеслигата.
Гостите од Минхен поведоа уште во првото полувреме со голот на Конрад Лајмер, а во вторите 45 минути целосно го надиграа ривалот, кој остана и со играч помалку во последните минути.
Хари Кејн постигна хет-трик, вклучувајќи и гол од пенал во 83. минута, додека во листата на стрелците се запиша и Јосип Станишиќ. За Кејн ова беше 17. гол сезонава. Домаќините немаа никакви шанси и го прифатија убедливиот пораз, петти сезонава во Бундес-лигата.
Баерн останува неприкосновен лидер на табелата и во следното коло ќе го пречека Мајнц 05 на домашен терен.
Во останатите натпревари, Аугсбург изненадувачки го совлада Баер Леверкузен со 2-0, Келн ремизираше со Сент Паули 1-1, додека Хајденхајм со гол во последните секунди славеше над Фрајбург со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













